Празниците се оној посебен период од годината кога храната станува повеќе од оброк, таа се претвора во спомени, емоции и моменти споделени околу трпезата. Без разлика дали ги пречекувате пријателите или се собирате со семејството, празничното мени ја создава вистинската атмосфера.
Оваа сезона, Давор Панчевски најпознатиот готвач познат на социјалните мрежи под псевдонимот Dave’s Kitchen, носи празнично мени кое совршено ги спојува елеганцијата, удобната домашна кујна и носталгијата. А најубавото е што сите состојки што ви се потребни можете лесно да ги нарачате преку Wolt, директно до вашиот дом.
Ви претставуваме трократно празнично мени кое изгледа прекрасно на масата, има вкус на празници и е лесно за подготовка.
Лиснато тесто со сланина и сенф - елегантно празнично предјадење
Лиснатото тесто со сланина и сенф е јадење кое веднаш ја подигнува празничната трпеза на повисоко ниво. Крцкавото, златно тесто со богати вкусови е идеално за пречек на гости.
„Го обожавам ова јадење затоа што за мене ги претставува празниците на една чинија. Не ми е важно само храната да биде вкусна, туку и да изгледа совршено и елегантно кога се сервира на маса“, споделува Давор ака Dave’s Kitchen.
Совршено како предјадење или залак за гости, ова јадење е лесно за подготовка, а изгледа импресивно, а со Wolt, сите состојки пристигнуваат без брзање и непотребен стрес.
Потребни состојки:
• 350 г лиснато тесто
• 2 лажички сенф
• 70 г сланина
Премачкајте го сенфот на веќе расуканото лиснато тесто. Поклопете со парчиња сланина на едната половина од лиснатото тесто и преклопете со вториот дел од лиснатото тесто. Пресечете долгнавести ленти и од секоја лента формирајте елки. Ставете чепкалки и печете во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути.


Селско месо - Топол семеен класик
Ништо не асоцира на празнична удобност како селското месо. Ова традиционално јадење, подготвено со три вида месо, носи топлина и богат вкус на трпезата. Тоа е јадење кое буди спомени на долги семејни ручеци, разговори и заедништво за време на празниците. Заситно, богато и вистинска comfort food класика, селското месо е совршено за студените денови и празничните собири.
Како главно јадење, создава чувство на домашна атмосфера и топлина, Давор (#Dave’s Kitchen) препорачува, додека Wolt се грижи сите состојки да ви бидат доставени навреме.
Потребни состојки:
• 350 г телешко месо исечкано на коцки
• 350 г свинско месо исечкано на коцки
• 200 г мелено месо
• 2 лажици лебни трошки
• Сол и мелен црн бибер по вкус
• 1 жолчка
• 2 лажици брашно за превалкување на топчињата од мелено месо
• 200 г свежи шампињони исечкани на коцки
• 1 лажица брашно
• 1 лажичка мешан сув зеленчук
• 600 мл вода
Прво, во тавче на оган загрејте го маслото за јадење и пропржете ги телешкото и свинското месо. Гответе околу 7-10 минути додека месото не добие убава кафена боја.

Во меленото месо ставете лебни трошки, сол и мелен црн бибер по вкус и жолчката. Оформете мали топчиња од меленото месо во големина колку парчињата телешко и свинско месо. Извалкајте ги топчињата во брашно и пропржете ги во масло за јадење. Во земјена тава или тава за печење, ставете ги испржените парчиња месо и свежите шампињони исечкани на листови. Во маслото во тавата во која се пржеле парчињата месо додајте го брашното, коцката супа и водата. Кога смесата ќе се згусне прелијте ја оваа смеса врз парчињата мелено месо.
Во рерната ставете ја тавата со селско месо, загрејте ја на 150 степени и печете од 70 до 90 минути додека месото не добие убава златно-кафена боја.

Мини колачи (Американки тортици) - Сладок вкус на детството
За десерт, мини американки тортици носат нота на носталгија и празнична радост. Брзи за подготовка, убаво сервирани и секогаш омилени меѓу гостите. „Овој десерт ме потсетува на моето детство, кога баба ми секогаш правеше двојна доза“, вели нашиот шеф Давор (#Dave’s Kitchen) Токму тие спомени и традиции ги прават овие мини колачи идеални за празничната трпеза.

Совршени со кафе, како сладок подарок или како финален допир на празничниот ручек.
Потребни состојки:
За пандишпанот:
• 4 јајца
• 2 филџани шеќер
• 2 филџани млеко
• 1 филџан масло за јадење
• 2 филџани мелени ореви
• 2 филџани брашно
• 1 пакетче прашок за печиво
*Филџанот е од 150 мл
За филот:
• 100 мл вода
• 200 г шеќер
• 30 г чоколадо
• 1 пакетче ванилин шеќер
• 2 филџани мелени ореви
• Остатоците од пандишпанот
Во длабок сад изматете ги јајцата и шеќерот во густа пена. Додајте го маслото, млекото, брашното, оревите и прашокот за печиво. Префрлете ја смесата за пандишпан во најголемата тава од шпоретот и печете во загреана рерна на 180 степени околу 25 минути.
Оставете да се излади и пресечете мали кругчиња со помош на мала чаша. Во тенџере на оган загрејте ја водата, шеќерот, чоколадото, ванилата и додајте ги мелените ореви, остатокот од пандишпанот и промешајте.

Врз секое кругче пандишпан ставете од филот. Оставете да се стегне филот и декорирајте ја секоја тортичка со изматен шлаг.
Едно мени, безброј празнични моменти
Заедно, овие три јадења создаваат совршено балансирано празнично мени – доволно елегантно за пријателите, доволно топло и заситно за семејството и доволно носталгично за да ги почувствувате вистинските празници.
Со инспирацијата од Dave’s Kitchen и лесната достава на сите состојки преку Wolt, празничното готвење станува задоволство, а не обврска. Оваа сезона, поставете ја трпезата, запалете свеќи и уживајте во празниците, залак по залак.
Нарачувајте лесно и брзо со Wolt и забавувајте се додека готвите со рецептите на Dave’s Kitchen.
Забавно готвење!
Комерцијален текст









