Денес се одржува традиционалната Божиќна служба во Сандрингем, каде што сите членови на британското кралско семејство го слават Божиќ.
Принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон, заедно со кралот Чарлс и кралицата Камила, го предводеа кралското семејство додека се движеа кон Божиќната служба што се одржа во црквата во Сандрингем.
Тие им мавтаа на воодушевените присутни кои традиционално се собираат пред Сандрингем за Божиќ.

На Кејт и Вилијам им се придружија и нивните деца: принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис.
Како и секогаш, идната кралица ги засени сите со својот изглед. Оваа година таа се одлучи за вистинско есенско модно издание – долг кафеав кариран капут од „Blaze Milano“, кој совршено ја истакнувал нејзината фигура. Капутот е изработен по мерка и Кејт го носела неколку пати во текот на 2025 година.
Интересно е што овој капут принцезата од Велс го носеше и на своето прво официјално појавување оваа година, кога ја посети болницата каде што се лекуваше од рак и објави дека нејзината болест е во ремисија. Симболично, со овој избор на капут, таа испрати порака дека еден животен циклус за неа е завршен.

Изборот на овој капут совршено се усогласил со модните изданија на останатите членови на семејството.
Својот изглед таа го заокружи со обетки од „Cartier“, а под капутот се наѕирало карирано здолниште кое наликува на нејзиното добропознато „Gucci“ карирано миди-здолниште од волнен кепер.
Кога станува збор за чевлите, Кејт се одлучи за чизми од антилоп, кои совршено се вклопија со чантата со средна големина, изработена од истиот материјал.

Да потсетиме, меѓу другите членови на кралското семејство присутни на Божиќната служба во Сандрингем беа и принцот Едвард со сопругата Софи и нивните деца, како и принцезата Ен со сопругот, ќерката Зара и зетот Мајкл Тиндал.
Меѓу гостите беа и принцезите Беатрис и Јуџин, но отсуството на нивните родители, Едвард Маунтбатен Виндзор и Сара Фергусон беше потполно очекуван поради претходните настани.











