Ја силувал озлогласениот "татин син"! Со 14 години испиша историја на спортот, а потоа животот ѝ се претвори во пекол: Комунистите ја прогонувале и ја принудиле на абортус!

Точка

25/12/2025

09:00

1.638

Големина на фонт

а а а

Многу од великаните на светскиот спорт имале трнлив пат до ѕвездите. Таа дефинитивно е една од нив – Надја Команечи.

Која е Надја?

Славната Романка стана првата гимнастичарка во историјата на Олимписките игри која добила максимална оценка 10. Настапот на оваа прочуена Романка на Олимписките игри во Монтреал ја одбележа историјата на гимнастиката и светскиот спорт.

Првата совршена десетка на Олимписките игри, најмладата шампионка во историјата на гимнастиката, петкратна освојувачка на златен олимписки медал, повеќекратна европска и светска шампионка – неповторливата Надја.

Ќе остане запаметена по фантастичните спортски успеси, но и по неверојатната животна приказна.

Нереален талент, ѕвездена кариера, осум години пекол во заробеништво, една година за заборав во Америка и, конечно, нормален живот за кој отсекогаш сонувала. Тоа, накратко, е животната приказна на Надја.


Почетоци

Надја пораснала во малото романско гратче Онешти. Била преполна со енергија што требало да се насочи кон некој спорт. Мајка ѝ решила да ја запише на гимнастика и таа веднаш се вљубила во овој спорт. Еднаш, легендарниот тренер Бела Карољи ги обиколувал локалните училишта во потрага по талентирани гимнастичари и тогаш ја забележал Надја. Имала само шест години, а совршено изведувала одредени гимнастички елементи. Било јасно како ден дека станува збор за огромен талент. Карољи ги прашал родителите дали може да работи со неа и тие прифатиле.

Била исклучително упорна и вредна. Часови и часови поминувала во салата тренирајќи. Тренирала и по осум часа дневно и набргу станала една од најдобрите во земјата.

Чудо од дете

Имала само 14 години кога со романската олимписка репрезентација заминала на Олимписките игри во Монтреал во 1976 година.

Девојчето високо 149 сантиметри и тешко 38 килограми испиша историја на гимнастиката. Надја за вежбата на разбој со две висини доби највисока можна оценка. Тоа беше првата совршена десетка на Олимписките игри.

Интересно е што оценката 10.00 не можела да се прикаже на семафорите, па по настапот на Надја насекаде стоело 1.00.

Кога ги видела оценките, била разочарана – не можела да поверува дека е најлоша. Сметала дека добро ги извела вежбите. Наскоро ѝ објасниле за што станува збор и следело големо славење на 14-годишната Романка. Седум чисти десетки!

Надја така преку ноќ станала национална икона. Нејзиното лице се појавувало на поштенски марки, а благодарение на неа Романија повеќе не била непозната земја.

Надја стана првата гимнастичарка што триумфирала на три Европски првенства. Освоила злато во 1975, 1977 и 1979 година. Блескала и на Олимписките игри во Москва, каде што освоила злато на греда и на партер.

Меѓутоа, една година подоцна, нејзиниот живот полека почнал да се претвора во пекол.

Имено, за време на егзибициска турнеја во Америка, тренерот Бела со сопругата побарал азил и го добил. Надја се вратила во Романија и следеле осум години пекол.

Режимот на Чаушеску ја ставил под посебен надзор за да се спречи нејзиното бегство од земјата. Ѝ забраниле да патува, ја следеле агенти на службата, ја прислушувале … Нејзината кариера била завршена. Надја станала затвореничка на романскиот режим. Во тие години решила да се посвети на тренерската работа.


Сексуално злоставување

Во тој период Надја била принудена да излегува со Нику Чаушеску, арогантниот син на прочуениот комунистички диктатор Николае Чаушеску, кој беше убиен во 1989 година.

„Татиниот син“ обожувал жени, па на неговата листа на желби се нашла и Надја. Често биле гледани заедно и тој ја претставувал како своја девојка. Меѓутоа, таа и денес тврди дека никогаш не била во врска со него – барем не по сопствена волја. Подоцна излегоа информации дека синот на Чаушеску сексуално ја злоставувал.

Во тоа време Надја била вљубена во друг маж – актерот и пејач Штефан Баника, шест години помлад од неа. Но, кога Нику дознал за нивната врска и дека Надја е бремена со актерот, испратил тајна служба кај Штефан и му наредил да ја остави славната гимнастичарка ако сака да продолжи да живее.

Следниот ден Надја тајно абортирала, а потоа се обидела да изврши самоубиство. Испила чаша белило … Подоцна тврдела дека само ја згрешила чашата.


Бегство во Америка

Решила да направи ризичен чекор. Во ноември 1989 година, неколку недели пред револуцијата, Надја Команечи решила да побегне од земјата. Го запознала Константин Панаит и тој ѝ ветил дека ќе ѝ помогне во бегството. Таа прифатила. Следејќи ги неговите инструкции, го препливала ледениот Дунав и пешачела километри за да стигне до Унгарија. Таму ја примиле и ѝ дозволиле да премине во Австрија, каде што ја чекал Панаит. Заедно заминале во американската амбасада, таа добила политички азил и билет за Њујорк.

Во Америка имала многу пријатели. Таму бил нејзиниот тренер Бела, како и американскиот гимнастичар Барт Конер, но Надја станала заложник на Константин.

Панаит, кој ѝ овозможил бегство од Романија за 5.000 долари, ја држел во заробеништво една година. Тој ја искористил ситуацијата и од интервјуа и телевизиски гостувања на Надја Команечи заработил околу 200.000 долари. Со помош на пријатели, таа успеала да се пресели во Монтреал, една година по заминувањето од Романија, и конечно да започне нормален живот.


Станала многу блиска со Американецот Барт Конер, кого го запознала уште на Олимпијадата во Монтреал. По година и пол пријателство, се родила љубов. Барт ја поканил Надја да се пресели кај него во Оклахома и ѝ предложил заедно да отворат школа за гимнастика. Почнале да живеат заедно, започнале бизнис и тоа бил најсреќниот период во животот на Надја Команечи.

Се венчале во 1996 година во манастирот Кашин, близу Букурешт, а Барт, по желба на сопругата, преминал во православие. Надја сакала кум на свадбата да ѝ биде тогашниот претседател на Романија, Јон Илиеску, кој дојде на таа функција по стрелањето на Чаушеску. Тој се заблагодарил за овој „убав гест кон земјата и нејзините родители“, но поради официјалната функција не можел да ѝ биде кум. Сепак, бил домаќин на нејзината свадба, а на свеченоста биле поканети и Роберт де Ниро, Арнолд Шварценегер, Хилари Клинтон …

Надја во 45-тата година од животот се остварила и како мајка – го родила синот Дилан.