Рабио го посочи соиграчот кој посебно го изненадил во Милан: Може да биде уште подобар

Дерби

25/12/2025

10:36

130

Големина на фонт

а а а

Адриен Рабио се покажа како огромно засилување за Милан и неговото искуство брзо почна да има големо значење за тимот на Масимилијано Алегри, а до оваа фаза на сезоната, „росонерите“ покажаа дека можат да играат со најдобрите, но и да кикснат со неколку далеку послаби тима од Серија А.

Французинот во интервјуто за „Скај“ смета дека тоа е нормално за тим во кој има и доста неискусни фудбалери, а од одработениот разговор, Рабио го избра и играчот од кој останал најмногу импресиониран и природно изненаден.

Адриен вели дека очекувал врвна класа од играчи како Лука Модриќ и Рафаел Леао, но најмногу е изненаден од потенцијалот кој го поседува Англичанецот Рубен Лофтус-Чик.

– Според мене, Лофтус-Чик има огромен потенцијал и поседува извонреден квалитет. Тој е мој врсник и отскогаш можев да го гледам како игра, но кога го гледате блиску до себе, сфаќате за каков потенцијал станува збор.

– Го гледам што прави на тренинзите и сметам дека може да биде уште подобар од тоа што го нуди на теренот. Ако треба да именувам навистина силен и цврст играч во нашиот тим, тогаш тоа е Лофтус-Чик, – вели Рабио.