Педри за соработката со Флик: Тој му даде на клубот…

Дерби

25/12/2025

07:43

170

Големина на фонт

а а а

Ханси Флик ја одработува втората сезона на кормилото на Барселона, тим во кој направи голем резултат во првата година со освоената тројна круна во Шпанија, но и пласманот во полуфиналето во Лигата на шампионите.

Сега предизвикот е поголем затоа што во најмала рака се бараат да се повторат тие резултати и тоа во ситуација во која Барселона се уште закрепнува финансиски и тешко успева да се засилува.

Меѓутоа Флик има одличен однос со сите играчи во тимот и тоа е најголемата сила на оваа група и потврда за тоа се зборовите на Педри Гонзалес, моторот на шпанскиот првак.

-Мислам дека, во рамките на клубот, во однос на сериозноста, многу работи се променија. Тој му даде на клубот одреден германски шмек.Од друга страна, на дневна основа, иако се работи за детали што не се гледаат многу надвор, тоа е многу познато. Тој секогаш ни помага, ни дава совети, особено на тактичко ниво; во таа дефанзивна линија што ја направивме минатата сезона, што многумина не го очекуваа. Всушност, ние бевме првите што не го очекуваа тоа. Мислам дека се среди совршено, -порача Педри.