[ВИДЕО] Ники Минаж го избриша Инстаграм профилот по непријатниот гаф на сцената со Ерика Кирк

Точка

24/12/2025

18:16

422

Големина на фонт

а а а

По недели исполнети со контроверзии и жестоки критики на социјалните мрежи, се чини дека Ники Минаж повлече драстичен потег – го избриша својот Инстаграм профил.

Популарната раперка се најде под силен притисок од јавноста поради своите политички истапи и несмасни изјави, што кулминираше со нејзиното исчезнување од една од најпопуларните платформи.

Несмасна изјава на конзервативниот собир

Сè ескалираше откако Минаж на 21 декември се појави како гостинка на настан на конзервативната организација „Turning Point USA“ во Феникс, каде што ја делеше сцената со Ерика Кирк.

Раперката предизвика лавина негативни реакции кога, зборувајќи за конзервативните примери за младите мажи, направи непријатен гаф. Во крајно незгоден момент, имајќи предвид дека сопругот на Ерика Кирк, Чарли Кирк, беше убиен во септември на сличен настан, раперката го опиша потпретседателот Џи Деј Венс користејќи позитивен сленг-израз што може да се преведе како „убиец“ („assassin“ – убиец во буквална смисла, но во овој контекст Ники мислела на тоа дека е „убиствен“, добар политичар).

Гаф на сцената

„Драги млади момци, имате неверојатни примери, како нашиот згоден и елегантен претседател. И имате неверојатни примери како „убиецот“ Џеј Ди Венс, нашиот потпретседател – а кога го велам тоа…“, изјави Минаж по што нагло замолкна и ја покри устата со рака, очигледно сфаќајќи ја грешката. Ерика се обидела да ја смири ситуацијата со зборови на поддршка, велејќи дека во такви моменти понекогаш едноставно треба да се насмееме.

Губење следбеници и бришење на профилот

Овој инцидент, заедно со нејзината сè поотворена поддршка за конзервативците и неодамнешните судири со други музичари, доведе до масовни критики. Се појавија и тврдења дека раперката за кратко време изгубила речиси 10 милиони следбеници на Инстаграм, иако таа бројка не е официјално потврдена. Набргу потоа, нејзиниот профил исчезна.


Обожавателите шпекулираат дали профилот е само привремено деактивиран, што наводно го правела и претходно, или овојпат е трајно избришан.

Поделени реакции во јавноста

Веста за исчезнувањето на профилот предизвика поделени реакции. „Ова навистина воопшто не беше нејзина година…“, напиша еден корисник. Друг се надоврза: „Се ослободивме од неа, сега треба истото да го направиме и со нејзиниот профил на ‘X’“. Сепак, многу од нејзините обожаватели сметаат дека овој потег нема да ѝ наштети. „Вчера имаше повеќе стримови од Карди и Меган заедно. Мислам дека ќе биде во ред ако изгуби неколку левичарски обожаватели“, стои во еден од коментарите. Друг корисник кратко заклучи: „Не ѝ е грижа! Богата е“.