Ксенија Николова повторно нè потсетува на моќта на автентичноста и слободата да го живееме својот живот онака како што сакаме.
Во една од нејзините најнови објави, таа ја споделува својата филозофија за личната среќа и самоприфаќањето, поттикнувајќи ги своите следбеници да се ослободат од оптеретувањето со туѓите мислења.
„Што се случува кога ќе престанеш да се грижиш за туѓото мислење? Стануваш капетан на својот брод и пловиш таму каде што ти сакаш“, пишува Николова. Со овие зборови, таа ја истакнува основната идеја дека вистинската слобода почнува кога ќе престанеме да се споредуваме со другите и да бараме одобрување од околината.
Таа дополнува дека прифаќањето на сопствената автентичност не е само емоционален процес, туку и практика која ни овозможува да ги оствариме нашите соништа: „Колку повеќе ја прифаќаш својата автентичност, толку повеќе учиш со неа да си ги исполнуваш своите соништа“.
Со други зборови, личниот развој и самореализацијата се неразделно поврзани со прифаќањето на себе, со сите свои уникатни особини и слабости.
Николовa истакнува и дека вистинската среќа доаѓа со ослободувањето од туѓите мислења: „Сфаќаш дека вистинската слобода ја чувствуваш тогаш кога знаеш дека твојот живот и твојата среќа не зависат од туѓите мислења“.
Самоприфаќањето, додава таа, е најголемиот подарок што можеме да си го дадеме сами на себе: „Си го даваш најважниот подарок на себе, а тоа е да се сакаш и прифатиш целосно.“
На крајот, Ксенија нè потсетува дека кога ќе поверуваме во себе, се отвораат нови патишта кои цело време биле пред нас, но чекале да ги забележиме: „Одеднаш почнуваат да ти се отвораат магични нови патишта, кои цело време биле тука и чекале да поверуваш дека ти припаѓаат“.
Со нејзините зборови и визуелни објави, Ксенија Николова нè поттикнува да го преземеме управувањето со сопствениот живот во свои раце, да се ослободиме од туѓите очекувања и да ја откриеме вистинската среќа во прифаќањето на себе.
Автор: Ц.Н.








