Бредли Купер ја запроси 20 години помладата Џиџи Хадид? Свадба на годината во 2026!

Точка

24/12/2025

15:38

559

Големина на фонт

а а а

Холивудскиот актер Бредли Купер (50) и топмоделот Џиџи Хадид (30), наводно планираат венчавка во 2026 година, пишуваат странските медиуми.

Нивната љубовна приказна трае веќе две години, a иако гласините за свршувачка се појавија и претходно, извори тврдат дека сега работите се посериозни од кога било.

Како што пишува британскиот „Дејли мејл“, Купер веќе ѝ предложил брак на својата избраничка и добил благослов од нејзината мајка. Актерот разговарал за плановите за големата свадба и со својата мајка, со која е исклучително близок и на која, според изворите, ѝ ги доверува сите важни животни одлуки. Џиџи, од друга страна, разговарала за свршувачката со својата мајка Јоланда и со својот татко Мохамед Хадид, што се толкува како многу сериозен и официјален чекор.


Парот наводно размислува не само за брак, туку и за заеднички деца и големо семејство. Бредли и Џиџи веќе ги запознале своите ќерки од претходни врски – осумгодишната Леа која Бредли ја доби од врската со супермоделот Ирина Шајк и четиригодишната Каи, која Џиџи ја доби од врската со пејачот Зејн Малик – кои, според изворите, се сложуваат одлично.

Да потсетиме, Бредли и Џиџи се запознаа во октомври 2023 година на роденденска забава. Иако средбата била случајна, само неколку дена подоцна беа видени заедно на вечера. Уште од самиот почеток, двојката свесно избра приватност – без големи најави и без заеднички појавувања на црвениот тепих. Сепак, папараците повремено ги фаќаа во секојдневни ситуации: шетајќи, шопингувајќи, на вечери со семејството и пријателите, како и на концерти и фестивали.


Дури во март 2025 година, Џиџи отворено проговори за својата врска со Купер за првпат во интервју за „Вог“. Во тоа време, таа истакна дека токму „нормалното, секојдневно искуство на средби“ ја прави оваа врска посебна. Таа исто така призна дека Бредли ја вовел во светот на театарот и дека тој е голема поддршка и инспирација за неа.

„Важно е да се достигне точка каде што точно знаете што сакате и што заслужувате во врската“, изјавила  Џиџи во тоа време.


И покрај разликата во годините од 20 години, Џиџи рекла дека двајцата созреале и свесно влегле во оваа фаза од животот, што им помогнало да изградат стабилна врска. Иако медиумите објавуваа спротивставени информации во текот на 2024 и 2025 година – од тврдења дека Купер е подготвен да предложи брак, до обвинувања дека го мачат стравови од брак – се чини дека двојката конечно го пронајде патот до олтарот заедно.