Фереро за разделбата со Алкарас: Многу ме боли, не се работеше за пари!

Дерби

24/12/2025

11:21

203

Големина на фонт

а а а

Шпанската тениска легенда, Хуан Карлос Фереро нема повеќе да го гледаме како дел од тимот на Карлос Алкарас, тим кој одлично функционираше во изминативе години и токму поради тоа многу коментари донесе крајот на оваа соработка.

Засега нема точни информации за тоа која е причината за разделбата на Алкарас и Фереро, сосема очекувано има шпекулации, но станува се појасно дека ова се случило преку ноќ затоа што Хуан откри дека веќе заедно ја планиралле новата сезона.

- Знам дека многу се зборува за пари, но јас секогаш од младоста покажував дека парите не се најважна работа. Не е вистина дека барав повеќе, но е вистина дека имав висок процент на заработка и сум благодарен за тоа. Веднаш реков дека прашањето за заработката не е клучно, ниту пак е мотив за мојата работа со Карлос, - вели Фереро.

- Се чинеше дека сè оди добро. Сезоната заврши, се подготвуваше нов договор. Не се согласивме за сите детали, таборот на Карлос разгледуваше што е најдобро за него, јас разгледував што е најдобро за мене. Ќе беше подобро да седневме и да разговаравме за сè, но тоа не се случи. На крајот, решивме да се разделиме. Не сакам да навлегувам во детали, но така беше. Мислам дека резултатите беа одлични, а нашиот однос беше спектакуларен. Никогаш не се расправавме ниту за момент. Кога Карлос го играше финалето во Торино, последниот натпревар од сезоната, се чинеше дека дефинитивно ќе продолжиме да работиме заедно. Потоа се случи она што се случи, - дополни некогашниот освојувач на Ролан Гарос кој дефинитивно е повреден.

- Еден ден можеби ќе играме голф, но во моментов е потребно време да се прифати сето ова. Не е толку лесно. Многу ме боли, - заклучи Шпанецот.