Еден од најдобрите македонски фудбалери на сите времиња, легендарниот Васил Рингов, почина на 70-годишна возраст по краткo боледување.
Роден во Струмица во 1955 година, Рингов ја започна својата кариера во матичната Беласица, по што играше и за Партизан, Тетекс и Вардар, каде остави најдлабока трага.
Во дресот на Вардар одигра повеќе од 200 лигашки натпревари и постигна 93 погодоци. Тој беше клучен фактор за враќањето на „црвено-црните“ во Првата југословенска лига и главен протагонист на успесите на клубот во текот на 80-те години.
Кратко играше и за Динамо Загреб, како и за германскиот клуб Ајнтрахт Брауншвајг.
Со заминувањето на Васил Рингов, македонскиот фудбал изгуби голем играч, репрезентативец и спортска легенда, чиј придонес и име ќе останат трајно запишани во спортската историја.






