Јаневски се прости од Рингов: Мој пријателе, ќе останеш запаметен по добрината!

Дерби

24/12/2025

12:49

194

Големина на фонт

а а а

Вчера Македонија остана без еден од најголемите фудбалери во историја Васил Рингов кој почина во 70. година од животот.

Смртта на струмичанецот ги потресе сите искрени љубители на фудбалот, од сите страни доаѓаат пораки со сочувство, а од него емотивно се прости Чедомир Јаневски, некогашниот соиграч на Рингов од Вардар.

- Мој пријател и колега Васе, ќе останеш запаметен по добрината и спомените што ги создававме заедно. Често кога бев во Македонија наоѓав време за сретна со Рингов и останатите вардарци. Со длабока благодарност и тага се простуваме од него. Сочувство пред сè до неговата фамилија, нека почива во мир, - порача поранешниот македонски селектор.