Блиску сме до средина на сезоната во Премиер лигата што значи дека може да се направи еден пресек за досега сработеното, па и да се изберат најдобрите во досегашниот тек, играчите кои ги одбележаа првите неколку месеци во елитната англиска фудбалска конкуренција.
Специјализираниот сајт за фудбал „Гол“ го состави идеалниот тим, најквалитетната единаесетка во Премиер лигата и сосема очекувано најмногу претставници имаат двете водечки екипи Арсенал и Манчестер Сити.
На голот е Раја, потоа во одбраната се Тимбер, Габриел, Геји од Кристал Палас и членот на Челси, Кукуреља. На крилните позиции се Доку и Семењо, додека за средината задолжени се Фернандеш и Рајс.
Во нападот се двајцата најдобри стрелци во шампионатот Халан и Бразилецот Тиаго од Брентфорд.







