[ВИДЕО] Свадба што стана вирален хит: Невестата не можела да стои од тежината на златото со кое била накитена

Точка

23/12/2025

15:18

1.305

Големина на фонт

а а а

Свадбата, што неодамна се одржала во турската покраина Шанлиурфа, станала вирален хит.

Спектакуларната прослава не само што ги воодушевила гостите, туку го привлекла и светско внимание поради големиот луксуз.

Ги опсипале младенците со пари

На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа невестата, адвокатката Наздар Барзани (25), која носела скапоцен накит тежок неколку килограми, вклучувајќи златен појас, ѓердани, дијамантски прстен, златна круна…

Вредните предмети биле толку тешки што во еден момент таа морала да седне, пишува „ProtoThema“.

Гостите ги опсипале младенците со пари, а персоналот потоа ги собрал и ги ставил во кутии, што може да се види и на снимките.

Гости од Турција и странство

Странските медиуми известија дека свадбата на Наздар и нејзиниот избраник, адвокатот Кахраман Зулфикар Изол (26), била една од најголемите и најлуксузните во регионот.

Меѓу поканетите биле влијателни политичари, како и други важни личности од Турција и странство.

Прославата траела до доцна во ноќта, а покраината Шанлиурфа се нашла во центарот на вниманието, како поради традиционалните обичаи, така и поради луксузот.