Водителката на „Sky News“, Кејти Спенсер, изговори псовка во програма во живо, без воопшто да сфати дека е во етер. Снимката од нејзиниот лапсус за кратко време ги освои социјалните мрежи.
Спенсер известуваше за тоа како писателот Дејвид Вилијамс бил напуштен од својот издавач за време на утринската програма.
Додека ги изнесуваше деталите од писателската кариера на Вилијамс, Спенсер почна да пелтечи, по што извика: „Ох за*би, подобро да почнам од почеток“.
Делувајќи како да не била свесна дека емитувањето е во живо, Спенсер се поместила на своето столче и погледнала во камерата, па додала: „Жал ми е, ве молам никогаш да не ме емитувате како го изговарам тој збор“.
Нејзиното јавување веднаш беше прекинато, а водителот во студиото, Камали Мелбурн, изјави: „Се извинуваме ако сте слушнале каква било псовка; ќе го провериме тоа“.
И покрај случајната псовка, многу гледачи пронајдоа хумор во неочекуваниот момент, шегувајќи се дека е „предоцна“ да се исполни барањето на Спенсер никогаш да не се емитува нејзиното изговарање на зборот.






