Дали Монблан ќе ја изгуби титулата највисока планина во Европа? Новите мерења покажаа загрижувачки тренд

Точка

22/12/2025

13:11

577

Големина на фонт

а а а

Врвот на Монблан, највисоката планина во Европа, постепено ја губи својата надморска височина поради топењето на мразот, покажува ново заедничко италијанско-француско истражување, претставено по повод Меѓународната година на заштита на глечерите, пренесува „Танјуг.рс“.

Во моментов, Монблан се издига на 4.807,3 метри надморска височина, но податоците добиени со современи и прецизни методи на мерење укажуваат на можен долгорочен тренд на намалување на висината, пренесуваат медиумите.


Истражувањето е спроведено од Планинската фондација од Курмајер, во соработка со Универзитетот Савоја Монблан. Научниците користеле беспилотни летала, далечински мерења и георадар за точно да ја утврдат највисоката точка на планината и дебелината на мразот под површината, која изнесува меѓу 20 и 25 метри.

Според Фабрицио Троило, координатор на истражувањето, добиените резултати укажуваат дека во последните години можно е да започнал постепен процес на спуштање и намалување на надморската височина на врвот.

Тој истакна дека овие наоди ќе треба дополнително да се потврдат преку понатамошни мерења и долгорочно следење.


Истражувачите предупредуваат дека топењето на мразот на Монблан е уште еден јасен доказ за влијанието на климатските промени, кои не ги заобиколуваат ниту највисоките и наизглед најстабилни планински масиви во Европа.