Подарок по кој ќе ве паметат и кога празниците ќе завршат

Точка

19/12/2025

14:57

400

Големина на фонт

а а а

Во време кога повеќето празнични подароци завршуваат во фиока само неколку дена по празниците, сè повеќе луѓе бараат нешто поразлично – подарок што има вистинска вредност, трае подолго и покажува искрена грижа.

Токму затоа, сè почесто АМСМ членската картичка е на листата на подароци за оние кои вистински ви значат. Таа не носи само моментална радост, туку 365 дена сигурност, поддршка и безгрижност – и тоа во секојдневни, реални ситуации. 

Кога подарувате сигурност, подарувате мир

Неочекуван дефект, дупната гума или проблем на пат – тоа се ситуации кои никој не ги планира, но секој може да ги доживее. Со АМСМ членската картичка, вашиот подарок обезбедува 24/7 помош на пат, и во Македонија и во странство, каде било низ Европа. Чувството дека некој е секогаш тука кога е најпотребно – тоа е подарок што навистина се памети.

Повеќе од помош – реална вредност секој ден

Покрај сигурноста на пат, АМСМ членската картичка носи и попусти во над 200 АМСМ Партнер продажни места низ државата. Хотели, ресторани, спортска опрема, бела техника и многу други категории овозможуваат заштеди во текот на целата година, што ја прави оваа картичка и паметен избор и од финансиски аспект.

Се подарува за неколку минути – онлајн

Подарувањето на АМСМ членската картичка е едноставно и комплетно онлајн. Потребно е:

- Да изберете членска картичка: Classic за земјава, Europe Premium за земјава и за каде било низ Европа или Light за млади од 18-25 години

- Да изберете опција „подарок“,

- Да напишете лична електронска порака

- И да го завршите процесот со неколку клика.

Подарок во вистинска смисла

Во свет полн со материјални и краткотрајни подароци, АМСМ членската картичка се издвојува како подарок со значење. Таа не е само картичка – таа е симбол на грижа, сигурност и поддршка.

Оваа година, подарете нешто повеќе од подарок. Подарете безгрижност и пријател на пат. Повеќе информации и линк за подарување тука.

Комерцијален текст