[ВИДЕО/ФОТО] Дали забележавте што направи рускиот голман пред историскиот подвиг, а потоа одбрани четири пенали за ПСЖ?

Точка

18/12/2025

20:18

741

Големина на фонт

а а а

Фудбалерите на Пари Сен Жермен синоќа станаа освојувачи на Интерконтиненталниот куп на ФИФА, односно поранешното Светско клупско првенство, по победата над Фламенго со резултат 2:1 по изведувањето пенали, при што историски настап имаше голманот Матвеј Сафонов.

Матвеј Сафонов стана првиот голман во историјата на фудбалот кој во натпреварување под капата на ФИФА одбранил четири последователни пенали. Тој тоа го направи во пенал-серијата што Пари Сен Жермен ја доби со резултат 2:1 и на тој начин ја освои престижната светска круна.

Непосредно пред историскиот подвиг, Сафонов беше снимен во една интересна сцена. Имено, на рускиот голман му донеле пешкир на кој биле залепени упатства за тоа како фудбалерите на Фламенго ги изведуваат пеналите.

Сафонов го понел пешкирот до голот и пред секој пенал на Фламенго внимателно прочитал како најчесто изведувачот шутира од белата точка и во која страна најчесто упатува удар.

Сето тоа, очигледно, вроди со плод, па рускиот голман одбрани четири последователни пенали. По ред шутираа Саул Нигез, Педро, Лео Переира и Луиз Араухо, но сите нивни удари ги запре Сафонов.

Со тоа Пари Сен Жермен ги обедини титулите првак на Франција, првак на Европа и првак на Интерконтиненталниот куп, кој до оваа година беше и натпреварување за светски клупски првак, но ФИФА одлучи да воведе ново натпреварување – Светско клупско првенство, на кое ќе учествуваат 32 екипи.

Интересно е што Европа го држи приматот веќе 13 години и нема загубено финале на ова натпреварување. Последниот неевропски клуб што го освоил ова натпреварување е Коринтијанс во 2012 година.