Феенорд влезе во резултатска криза и тоа значително влијаеше да се оддалечи од лидерот ПСВ во холандската Прва фудбалска лига, но ситуацијата ескалираше вчеравечер во Купот, откако гордоста од Ротердам го претрпе и седмиот пораз на последните девет натпревари.
Робин Ван Перси во овој момент не успева да пронајде начин за првата голема криза во неговата ера како тренер на Феенорд, а болната елиминација од Херенвен во Купот ги натера навивачите да го искажат сиот свој бес.
Феенорд загуби на домашен терен со 2:3 и се прости од натпреварувањето кое можеше да донесе утешна титула оваа сезона, па тоа секако не наиде на одобрување од публиката.
Домашните навивачи со огромно негодување го дочекаа последниот судиски свиреж, а оние најстраствените решија и да ги постројат играчите од првиот тим.
Робин Ван Перси и капитенот на тимот се приближија до фановите во обид да дадат објаснувања за лошите изданија, а сцените не беа баш пријатни за гледање.
Onvrede bij de Feyenoord-supporters richting trainer Robin van Persie 🤬🗣️#feyhee pic.twitter.com/jqju2UVq6o
— ESPN NL (@ESPNnl) December 17, 2025







