[ВИДЕО] Одлична актерска екипа: Пристигнува нов филм на Спилберг за вонземјани, тизерот е прегледан 9,8 милиони пати

Точка

17/12/2025

22:12

445

Големина на фонт

а а а

По култните филмови како „E.T.“, „Close Encounters of the Third Kind“ и „Star Wars“, режисерскиот гениј Стивен Спилберг повторно се враќа во жанрот што го дефинираше – научната фантастика за вонземјани.

„Universal“ вчера го објави првиот тизер за неговиот долгоочекуван филм „Disclosure Day“, кој во кината пристигнува во 2026 година и ветува нова доза мистерија и напнатост.

Двеминутното видео го прикажува Џош О’Конор, ѕвездата на филмот „Wake Up Dead Man“, кој очигледно открил доказ за постоење на вонземски живот. „Луѓето имаат право да ја знаат вистината“, изјавува тој во тизерот. „Таа им припаѓа на седум милијарди луѓе“.

Тизерот нè запознава и со ликот на Емили Блант, ТВ-водителка од Канзас Сити, која за време на пренос во живо мистериозно ја губи способноста за говор. Се поставува прашањето дали и таа самата е поврзана со вонземјаните. Во една од сцените го гледаме и оскаровецот Колин Фирт во медицинска столица, во моментот пред неговите очи да ја променат бојата.

Вистината им припаѓа на сите

Официјалниот синопсис на филмот дополнително ја засилува напнатоста: „Што ако дознаете дека не сме сами? Што ако некој ви покаже, ви докаже? Дали тоа би ве исплашило? Ова лето, вистината им припаѓа на седум милијарди луѓе. Се приближуваме… до ‘Disclosure Day’“.

Спилберг ја потпишува и режијата и продукцијата, додека сценариото го напиша Дејвид Кеп, врз основа на оригинална идеја на Спилберг. Покрај О’Конор, Блант и Ферт, актерската екипа ја сочинуваат и Ив Хјусон, Колман Доминго и Вајат Расел. Премиерата на филмот „Disclosure Day“ е закажана за 12 јуни 2026 година.