[ВИДЕО] Творецот на ова видео тврди дека не станува збор за „AI“, но веќе не знаеме во што да веруваме – погледнете сами

Точка

17/12/2025

18:36

792

Големина на фонт

а а а

Еден исклучително креативен кинески инфлуенсер тврди дека поседува рој дронови во облик на мечеви, со кои управува исклучиво со движења на рацете. Најдобро е да погледнете – за да поверувате.

Студеното оружје обично не е дел од воздушни атракции, но за кинескиот инфлуенсер Фан Шисан тоа било само предизвик кој успеал да го совлада. Фан, кој доаѓа од кинеската покраина Сечуан, со своите кратки видеа привлекува големо внимание на социјалните мрежи, прикажувајќи рачно изработени летачки мечеви кои делуваат речиси натприродно.

Да, мечевите сега и летаат

Во една од неговите најнови објави, дроновите во форма на мечеви се издигнуваат во воздух како јато птици, реагирајќи на гестикулациите на Фан со рацете, пренесува порталот „Futurism“. Снимката од воздух прикажува како тој ги крева рацете и го насочува ројот летачки мечеви за време на летот. Секој меч е опремен со четири пропелери – еден на врвот, еден кај дршката и по еден од двете страни на штитникот за раката.

Според описот на видеото, овие мечеви-дронови се контролираат со движења на рацете. Фан ги „турка и повлекува“ мечевите со раката за да им ја менува насоката во лет, што потсетува на летачки сечила од стрипови и анимирани фантастични филмови. Фан тврди дека видеото не е генерирано со вештачка интелигенција, туку дека станува збор за реална снимка.

@chinafocus_official

A tech blogger in Chengdu just controlled 10+ flying swords with hand gestures. Since Nov 2024, he’s been developing the first motion-sensing flying sword. His next dream? “Ten thousand swords as one,” a legendary wuxia vision of ultimate control. Do you think this bold wuxia-inspired dream could come true? Cr. Douyin@范十三 #Chengdu #wuxia #flyingsword #tech #technology #Chineseculture

♬ 原声 - 華夏Focus

Претходно оваа година, кинескиот портал „People’s Daily“ објави дека Фан конструирал летачки меч доволно голем за на него да може да се стои, инспириран од својата љубов кон кинеските боречки вештини.

Гинисов рекордер со голема визија

„На почетокот користевме 20 насочени вентилатори, но потисокот не беше доволен. Додадовме уште четири, што ни ја даде потребната сила, и така ’летачкиот меч‘ што го гледате во видеото стана реалност“, изјавил тогаш Фан.

Фан има и два светски рекорди на „Guinness“ – еден за најбрзо сечење пет листови хартија А4 со меч додека се во воздух (7,46 секунди) и друг за најбрзо сечење десет лубеници со меч. Во иднина, тој сака да го прошири својот рој дронови-мечеви и да ја реализира визијата десет илјади мечеви да делуваат како еден.