Уапсен бизнисменот кого манекенка го обвини дека брутално ја тепал: Имала операција на главата, не може да зборува

Точка

17/12/2025

21:38

1.210

Големина на фонт

а а а

Бизнисменот Дмитриј Кузмин, кој е осомничен дека на почетокот од овој месец брутално ја претепал својата девојка, манекенката Анжелика Тартанова, во нејзиниот стан во Москва, конечно е уапсен.

По апсењето, нему му е одреден куќен притвор, а му се заканува затворска казна до осум години поради нанесување тешки телесни повреди.

Анжелика, која го обвини својот поранешен партнер дека ја претепал на ѕверски начин, била примена во болница со повеќекратни повреди, хематоми по целото тело и потрес на мозокот. Во болница била подложена и на операција на главата.


Манекенката речиси три недели се наоѓа на лекување на одделот за интензивна нега во болницата „Pirogov“ во Москва. Таа е свесна, но поради сериозноста на повредите не може да станува од кревет и не може да зборува.

Сепак, успеала некако да собере сили и накратко да им раскаже на лекарите што ѝ се случило и кој ја претепал. Лекарите веднаш ја известиле полицијата, која со денови трагала по осомничениот.


Манекенката не смеела да има контакт со семејството

Отежнувачка околност била тоа што никој од блиските на манекенката не знаел како изгледа Дмитриј.

Откако со денови не можеле да стапат во контакт со неа, нејзините роднини се исплашиле дека можеби е жртва на поранешното момче Дмитриј (40), со кого наводно раскинала неколку дена пред да исчезне.


По нејзиното исчезнување, полицијата при претрес на нејзиниот стан пронашла полуспакувани куфери, како и нејзиниот пасош.

Нејзина пријателка претходно им открила на медиумите дека и таа се сомневала дека за исчезнувањето на Анжелика е виновен нејзиниот поранешен партнер.


Таа изјавила дека Дмитриј ја разгалувал манекенката купувајќи ѝ скапи работи, но дека од неа барал безусловна послушност. Не ѝ дозволувал контакт со семејството.

Никој од нејзиното семејство не знаел како изгледа Дмитриј, како се вика и со што се занимава.


Медиумите пренесуваат дека во првите два дена по нејзиното исчезнување, кога семејството веќе било сериозно загрижено, некој ги читал нејзините пораки на телефонот, но не одговарал.

Телефонот, заедно со нејзините куфери, подоцна бил пронајден во станот на манекенката.


Анжелика од првиот брак има син (16), со кого неодамна го обновила контактот и почнала да му испраќа пари. По разводот, тој останал да живее со таткото во Краснодар, додека Анжелика поради работа се преселила во Москва.