[ФОТО] „Колку е метар квадратен стан на оваа локација?“: Елката со прозорчиња во Скопје е „копија“ на оние од Крајова и Вилнус

Точка

17/12/2025

20:34

764

Големина на фонт

а а а

На 15 декември на плоштадот Македонија во Скопје беше осветлена новогодишната елка, со што градот официјално блесна во празничната магија која сите долго ја очекувавме.

Годинава на плоштадот осамна елка со прозорчиња за која има низа шеговити коментари (како и секоја година), па така еден од нив гласи: „Колку е метар квадратен стан на оваа локација?“.


[Крајова]

Зад визуелниот концепт стои приказна која не започнува ниту во Скопје, ниту во Романија туку во срцето на Балтикот.

На социјалните мрежи елката во Скопје веќе се споредува со онаа од 2023 година која го красела градот Крајова којшто во последниве години се етаблира како една од најатрактивните божиќни дестинации во Европа.


Овој град е познат по раскошните празнични декорации, огромни елки, тематски паркови, лизгалишта, панорамски тркала и бајковити куќички осветлени во илјадници светилки.

[Вилнус]

Сепак, оригиналниот извор на оваа идеја за украсување на новогодишна елка потекнува од Вилнус, главниот град на Литванија каде во 2015 година на Катедралниот плоштад била поставена елка со сличен новогодишен дизајн.

Таа елка важи за една од најкреативните празнични инсталации во Европа и често се наведува како инспирација за подоцнежни проекти низ континентот.

[Скопје]