Судот пресече: Мбапе победи во милионската битка со ПСЖ и треба да добие „дебела“ отштета

Дерби

16/12/2025

14:21

308

Големина на фонт

а а а

Францускиот суд за труд ова попладне ја објави конечната пресуда за фамозната правна битка која ја водеа Колијан Мбапе и ПСЖ во изминатите 18 месеци, а конечната проценка на одговорното тело е дека фудбалерот треба да биде обесштетен од „светците“.

Во јавното соопштение кое е достапно за сите, Судот му налага на ПСЖ да му плати на напаѓачот отштета од 61 милион евра, а зад оваа одлука стоеле сите четворица судии кои го прегледувале случајот во изминатите неколку месеци.

Францускиот суд за труд достави барање за итно извршување на казната и обесштетување на капитенот на националниот тим, но од друга страна, ПСЖ како клуб може да го одведе случајот и на повисока инстанца и да ја обжали донесената одлука.

Во јавното препкување кое го имаа двете страни, Мбапе бараше финансиска отштета од 263 милиони евра за нарушен углед и неисполнетите обврски од страна на ПСЖ, додека францускиот клуб се повика на неисполнети обврски од стрна на напаѓачот и бараше отштета од 440 милиони евра за начинот на кој дојде до разделба во 2024-та година.

Судот кој ги решава работните спорови во Франција ги отфрли барањата на двете страни, а како најлогична ја гледа одлуката според која Мбапе треба да ги добие парите од ветените бонуси за последната сезона која ја одигра во Париз, а тоа се посочените 61 милиони евра.