Шмајхел: Тоа е сила, тие се кандидати за пехарот во ПЛ

Дерби

15/12/2025

13:53

520

Големина на фонт

а а а

Еден од најголемите дански фудбалски имиња во историјата, Питер Шмајхел даде прогноза околу трката за пехарот во Премиер лигата.

Многумина го делат ставот дека борбата ќе се води меѓу Арсенал и Манчестер Сити, два клуба кои во моментов ги делат два бода, но според некогашниот голман на „црвените ѓаволи“ и „граѓаните“ не треба воопшто да се заборави на Астон Вила која ја продолжи извонредната серија и во оваа 16. рунда го доби и Вест Хем.

- Да тие се кандидати…да се отиде на тој стадион и Вест Хем кој не игра толку добро, ама се подобри во изминативе недели. Да одиш и да освоиш три бода откако губиш двапати, тоа е сила.

- Тоа малку ме плаши бидејќи следниот натпревар што ќе го играме е на Вила Парк, Вила против Манчестер Јунајтед, па затоа малку се плашам од тоа, - порача Шмајхел кој една година бранеше и за клубот од Бирмингем.