Аморим за критиките од клупските легенди: Во право се, не си ја вршам добро мојата работа

Дерби

15/12/2025

09:12

249

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед денеска го пречекува Борнмут, а менаџерот Рубен Аморим бил самокритичен на последната прес-конференција, со која го најави овој натпревар.

Португалскиот стручњак истакнал дека е свесен дека резултатите на неговиот тим се под очекувањата и не се лути што клупските легенди го критикуваат, а понекогаш бараат и менаџерска смена.

– Мислам дека е нормално да добивам критики, затоа што Јунајтед под мое водство не ги постигнува посакуваните резултати.

– Требаше да имаме повеќе бодови, посебно оваа сезона, па ги прифаќам критиките како нешто природно.

– Не сум загрижен поради критиките, туку поради тоа што не победуваме. Очигледно е дека како менаџер не си ја вршам работата доволно добро, Јунајтед не е на позицијата на која треба да биде, рекол самокритичниот Аморим.