Чаби Алонсо ја преживеа Виторија и си „купи одредено време“ на клупата на Реал Мадрид, клуб во кој се најде под сериозен притисок во ситуација кога забележа два порази во низа од Селта Виго и Манчестер Сити.
Трет пораз во низа ќе значеше и отказ за младиот шпански стручњак, но Чаби со вчерашниот триумф си ја сочува работата, иако допрва ќе мора да го обезбеди овој статус на долг рок.
Реал Мадрид славеше против Алавес во натпревар кој беше доста динамичен и тензичен во вториот дел, а откако „кралевите“ повторно поведоа со 1:2, се доби впечаток дека судијата не досуди чист пенал над Винисиус.
Бразилецот беше сопнат од противникот и не можеше да поверува дека не добива најстрога казна, па иако ситуацијата се проверуваше од луѓето во ВАР собата, на крајот главниот арбитар не беше повикан да ја прегледа ситуација на ВАР мониторот.
И покрај грешката на штета на Реал, гостите победија и со три бода се враќаат во Мадрид, но Чаби не пропушти да нагласи дека судијата уште еднаш го оштетиле неговиот тим.
– Акцијата и пеналот над Винисиус за мене се очигледно. Тоа е што е, мора да продолжиме напред и да не се навраќаме. Веќе не сум изненаден што не ни одат да ја прегледаат снимката на ВАР мониторот, – изјави Чаби.
Спорниот момент погледнете го ТУКА







