Барселона ја продолжи побендичката серија во Ла Лига и стигнаа до седум триумфи во низа, а овој последниот беше остварен доста потешко од очекувањата.
Осасуна се држеше долго на „Камп Ноу“ и одолеваше до последните 20 минути, но Рафиња направи главна разлика во клучниот период и со два гола ја осигура новата победа за Барса.
Тимот на Ханси Флик во моментов изгледа навистина несопирливо во домашното првенство, а добрата атмосфера во Каталонија направи да видиме и една ситуација која произлегува од вечното ривалство со Реал Мадрид.
Во моменти кога на Барселона и оди се од рака во Ла Лига, Реал Мадрид се мачи под водство на Чаби Алонсо, а бидејќи позицијата на шпанскиот стручњак е несигурна, навивачите на Барса денеска му испратија иронична поддршка.
– Чаби остани, Чаби остани…., – одекнуваше на „Камп Ноу“, порака со која фановите на Барса посакаа трпението на Флорентино Перез да потрае уште некое време, се со цел да продолжи неодамнешниот тренд со кој Реал Мадрид почна да заостанува на табелата.
🤣 “Xabi quédate, Xabi quédate”
— NEKO Deportes (@NEKODeportes) December 13, 2025
Los gritos de la afición del FC Barcelona a Xabi Alonso y al Real Madrid
🎥 @quimbg_30 | @jlasof pic.twitter.com/T2uQevhOyK






