Педри собори рекорд на Меси со кој го потврдува статусот на клучен играч на Барселона

Дерби

14/12/2025

13:49

575

Големина на фонт

а а а

Актуелната резултатска серија на Барселона, но и формата на најважните фудбалери ги прават оптимисти сите кои се надеваат дека Каталонците ќе освојуваат трофеи и сезонава, а тренерот Ханси Флик го има Педри како една од незаменливите алки во својот избор на теренот.

23-годишниот шпански фудбалер воодушевува со својата техника и фудбалска зрелост, а вчерашниот натпревар против Осасуна беше 150-ти прволигашки настап во дресот на Барселона.

За тоа колку брзо и лесно се наметна како прв избор на тренерите на Барса покажува и фактот дека Педри собори рекорд на Лионел Меси, односно стана фудбалер кој најбрзо стигнал до 150 Ла Лига настапи во клупската историја.

До јубилејната бројка стигна со 23 години и 18 дена, додека Меси го одигра 150-тиот натпревар со 23 години и 121 ден.

Педри вкупно има 220 настапи за Барселона во сите натпреварувања, а таа бројка ќе беше многу поголема ако не беа проблемите со повреди.