Гледачите го фалат Мосул: „Еден од најреалистичните воени филмови досега“

Точка

12/12/2025

20:01

812

Големина на фонт

а а а

На Нетфликс е достапен воен филм кој продолжува да ги воодушевува гледачите дури и по неколку години од премиерата, а многумина го опишуваат како „ремек-дело“ и „потценет бисер“.

Станува збор за филмот „Мосул“, кој дава суров и нефилтриран приказ на урбаното војување за време на Битката за Мосул во 2016 година, нудејќи потресен увид во конфликтот кој ретко го добива заслуженото филмско внимание.


Филмот е напишан и режиран од Метју Мајкл Карнахан, а е базиран на статијата „Очајната битка за уништување на ИСИС“ (The Desperate Battle to Destroy ISIS) на новинарот Лук Могелсон објавена во „New Yorker“ во која се документирани искуствата на тимот „SWAT“ од Ниневија за време на борбата за ослободување на Мосул, пренесе „Дејли експрес“.

Филмот следи млад ирачки полицаец кој е спасен од елитна „SWAT“ единица за време на брутална престрелка. Трауматизиран, но решителен, тој се приклучува на тимот и наскоро се наоѓа на напната мисија низ уништените улици на град кој со години бил под контрола на ИСИС.


„Фасцинантен, застрашувачки, неверојатен“

Филмот се издвојува по својот автентичен пристап и наместо типичната американска перспектива, во центарот ги става Ирачаните, кои зборуваат на свој јазик и се борат за својот град, нудејќи перспектива што западната кинематографија често ја занемарува.

Автентичноста е дополнително нагласена со рачната камера и тесните кадри што го вовлекуваат гледачот во клаустофобични и непредвидливи борбени зони, создавајќи постојана тензија. Суровата изведба и фокусот на локалната перспектива го прават „Мосул“ филм што се издвојува меѓу воените наслови, а многу гледачи го сметаат за еден од најреалистичните прикази на современиот конфликт.

Гледачите на платформи како „IMDb“ и „Rotten Tomatoes“ не го кријат своето воодушевување. Еден корисник го опишал како „брилијантен воен филм“, пофалувајќи ја акцијата, приказната и глумата.


Други го нарекле „многу, многу потценет“, додека еден гледач напишал: „Еден од најреалистичните воени филмови што сум ги видел. Ремек-дело“. На „Rotten Tomatoes“ може да се најдат и реакции како „Фасцинантен, застрашувачки, прекрасен, неверојатен филм. Многу ми се допадна“.