Американците го решија прашањето со нуклеарниот отпад?

Точка

24/02/2026

16:34

411

Големина на фонт

а а а

Американскиот „Jefferson Lab“ доби финансирање за развој на технологија која би можела нуклеарниот отпад да го претвора во помалку проблематични изотопи, а истовремено да произведува и електрична енергија.

Американскиот „Jefferson Lab“ доби средства за развој на ваков концепт за справување со нуклеарниот отпад преку програмата на американската агенција „ARPA E“. Нивниот план не е „магично да се реши целиот отпад“, туку да се развие технологија која еден ден би можела да ги обработува најпроблематичните делови од искористеното нуклеарно гориво.

Во суштина, нуклеарниот отпад е опасен затоа што некои негови делови остануваат радиоактивни многу долго време. Идејата на овој систем е тие „тврдоглави“ делови насочено да се бомбардираат со неутрони и така да се претворат во други супстанции што зрачат пократко или се полесни за понатамошно складирање. Во најдобар случај, тоа би значело помала потреба од складирање кое се планира за десетици илјади години.

Кога ваквите нуклеарни реакции започнуваат, се создава топлина, а топлината може да се претвори во електрична енергија, слично како во класична електрана. Тоа значи дека истиот процес што „обработува“ дел од отпадот може паралелно да обезбеди и корисна енергија, наместо отпадот само да стои некаде запечатен. Со тоа се решаваат две прашања истовремено, односно два проблеми кои се меѓу клучните за светските економии и енергетската безбедност.

Сепак, ова засега е само концепт и технологијата сè уште не е подготвена за пазарот. Потребно е да се докаже дека системот е сигурен, безбеден и доволно економичен, бидејќи акцелераторите се сложени и скапи, а целиот погон би морал стабилно да функционира со години. Доколку успее, ова би можело да биде еден од начините нуклеарната енергија полесно да добие поширока јавна поддршка, бидејќи се адресира едно од најголемите прашања – што да се прави со отпадот.