Британскиот претприемач и милионер Марк Тилбери, познат по едукативната финансиска содржина на ТикТок и Јутјуб, споделил вирален совет којшто за само неколку дена добил милионски прегледи.
Во видеото снимено на аеродром, Тилбери оди со огромен чек од 100 милиони долари и им се обраќа на следбениците: „Замисли ова да биде чек од 100 милиони долари со твое име. Ќе го однесам на другиот крај од светот. Имаш точно 48 часа да го преземеш – доколку не стигнеш, ќе го искинам“.
Потоа го поставува клучното прашање: „Дали би долетал по него?“.
Одговорот, според Тилбери, очигледно е „да, по секоја цена“.
„Дури и да немаш ниту цент, би позајмил пари, би продал нешто, би преговарал, би работел прекувремено – би направил сѐ за да го земеш чекот“, истакнува милијардерот.
Неговата порака е едноставна, но исклучително моќна: успешните луѓе не чекаат богатството „случајно да им дојде“. Тие се однесуваат како огромниот паричен износ веќе да е нивен и загарантиран, само треба да го „дофатат“ со соодветен труд, ризик и акција.
„Доколку сакаш да станеш богат, престани да размислуваш како успехот да е можност. Почни да размислуваш како да е веќе твој и прави сѐ што е потребно да го преземеш“.
Видеото предизвикало лавина реакции, а следбениците пишувале: „Генијално едноставно“, „Ова ми ја промени перспективата“, „Најдобрата мотивација која сум ја слушнал годинава“.
Тилбери којшто своето богатство го изградил низ недвижнини и претприемништво, редовно споделува практични совети за финансиите, вложувањата и психата на милионерите.








