Флик за пресвртите кои станаа заштитен знак во неговата ера во Барселона: Тоа прикажува три наши особини

Дерби

10/12/2025

08:16

207

Големина на фонт

а а а

Барселона се навикна да прави пресврти со Ханси Флик како тренер на тимот и тоа продолжува да го прави и оваа натпреварувачка сезона, а таков исход видовме и вчера на натпреварот против Ајнтрахт Франкфурт во Лигата на шампиони.

Германците поведоа и имаа предност по 45 минути игра на „Камп Ноу“, но во вториот дел брзо попуштија под притисокот и примија два гола.

Жил Кунде постигна два слични голови со глава и го комплетираше пресвртот за Барселона, а тоа одново го израдува Флик кој даде и свој коментар за трендот кој се разви од неговиот прв работен ден во каталонскиот гигант.

– Многу сум среќен од изданието и од победата. Освоивме многу важни три бода, а не беше воопшто лесно да стигнеме до тоа. Тие се бранеа широко и не оставаа многу простор, но и покрај тоа успевавме да создаваме шанси.

– Реакцијата на фудбалерите беше одлична по примениот гол. Од една страна сум среќен што секогаш правиме пресврти, тоа кажува многу за нашиот менталитет, за нашиот карактер и компетитивноста. Сепак, ако се прашувам јас, подобро ќе биде први да постигнеме еден или два гола, отколку да бркаме резултат какошто често знаеме да правиме, – изјави Германецот.