Ван Дајк го прекина молкот и најави дека ќе води капитенски разговор со Салах

Дерби

10/12/2025

08:15

293

Големина на фонт

а а а

Ливерпул одговори позитивно на „драмата Салах“ и оствари победа на тешкото гостување во Милано против Интер, натпревар по кој за првпат на најактуелната тема во клубот се јави и капитенот на тимот.

Вирџил Ван Дајк како добар пријател на Салах ќе се обиде да ја смири тензијата меѓу напаѓачот и клубот, а капитенската улога му налага да води и подолг разговор со играчот кој предизвика неочекуван потрес во клубот, но и во соблекувалната.

– Ова е колективно тешка работа за сите кои сме во тимот. Клубот и Мо треба да решат некои работи, а сите знаеме зошто не беше со нас во Милано.

– Јас сум капитен, но не сум тој кој треба да зборува ако некој друг треба да се извини. Тој ги искажа своите чувства за последните неколку натпревари. Клубот ќе мора да се справи со оваа ситуација, но тоа важи и за мене.

– Реалноста вели дека Мо набрзо ќе оди во Африка. Го познавам толку долго, ние сме добри пријатели и поминавме низ подеми и падови. Ќе разговараме, но тоа што ќе го разговараме ќе остане меѓу нас. Мора да се подготвиме и да бидеме сплотени во битката со надворешната бучава, – изјави Ван Дајк.