[ФОТО] Крива Паланка блесна во полн празничен сјај: „Новогодишната бајка може да почне“

Макфакс

09/12/2025

12:50

817

Големина на фонт

а а а

Општина Крива Паланка ја информира јавноста дека празничното украсување на градот е целосно завршено. Централните локации, плоштадот и главните улици се осветлени со светлосни инсталации и тематски новогодишни декорации.

Градоначалникот Сашко Митовски порача дека новогодишната бајка во Крива Паланка може да започне, посакувајќи празничното осветлување да донесе радост, мир и надеж за сите жители.

Тој истакна дека украсувањето е создадено со љубов и внимание за сите генерации и дека градот блеска како што заслужуваат неговите жители.

⭐️ Нека започне новогодишната бајка во нашата Крива Паланка..⭐️

Нека блеска посилно од секоја светилка,

нека грее...

Posted by Сашко Митовски on Monday, December 8, 2025