Командант на руската морнарица: САД и ЕУ се подготвуваат за војна со Русија на Арктикот

Макфакс

09/12/2025

11:09

201

Големина на фонт

а а а

САД и Европската унија се подготвуваат за можен воен конфликт со Русија на Арктикот, тврди командантот на руската морнарица, Александар Мојсеев.

Тој ги изнесе своите тврдења за време на презентацијата на Меѓународниот форум „Арктик: Сегашност и иднина“ во Санкт Петербург, нагласувајќи дека изјавите на западните лидери ги потврдуваат нивните „русофобични расположенија“, пишува руската агенција ТАСС.

Мојсеев особено нагласи како Финска и Шведска се придружија на она што тој го нарекува „антируска хистерија“ во последните две години.

„Изјавите на американските и европските воено-политички лидери во врска со арктичкиот регион ги потврдуваат нивните русофобни расположенија. Во последните две години, Финска и Шведска се придружија на антируската хистерија. Главните политички изјави наведуваат зголемување на темпото на милитаризација на Арктикот и подготовки за можен воен конфликт во регионот под изговор „одбрана од заканите на Русија и Кина“, рече Мојсеев.