[ВИДЕО] Луис Хамилтон прогласен за најдобар на сите времиња заради флертувањето со холивудската актерка на финалето на Ф1: „Денес сепак нешто освои“

Точка

08/12/2025

13:10

1.421

Големина на фонт

а а а

Седумкратниот шампион на светот ги воодушеви навивачите откако бил виден како флертува со актерката Ана де Армас.

Луис Хамилтон повторно ја доби етикетата „најдобар на сите времиња“, но овојпат тоа нема никаква врска со Формула 1.

Холивудската ѕвезда номинирана за Оскар за филмот „Knives Out“ и Бондовата девојка во „No Time To Die“, била специјален гостин во текот на финалето на формула 1 во Абу Даби.

Хамилтон лично ја водел Ана низ гаражата

Ана имала можност да ја обиколи гаражата на „Ferrari“, а водич бил токму Хамилтон. 40-годишниот Британец разговарал со Ана и објаснувал како функционира воланот на неговиот болид во Формула 1.

Реакција на навивачите: „Никогаш не сум го видел толку да се труди“

Навивачите се пошегувале дека Хамилтон никогаш толку долго не го држел фокусот како во моментот кога разговарал со Ана која магазинот „Maxim“ во 2023 година ја нарече најсексапилна жена на светот.

Двајцата биле забележани како се смеат, а Хамилтон ја прегрнувал додека таа му возвратила со лесен допир по неговиот грб.

Коментарите на социјалните мрежи се урнебесни: „Денес сепак нешто освои“, „Таа навистина е GOAT“, „Луис деновиве постигнува повеќе успех надвор од патеките на Формула 1“, „Никогаш не сум го видел Хамилтон да биде толку фокусиран“...

Ана де Армас во центар на внимание во текот на трката

Ана совршено се вклопила во гламурот на Формула 1 – носела кожна јакна, бел краток топ, црни фармерки со висок струк и елегантни чизми на висока потпетица.

Во текот на трката не била само набљудувач, имала чест да мавта со карирано знаменце на целта во момент кога Луис и останатите ја преминале целната линија.

Трката притоа донесе и историја – Ландо Норис ја освои својата прва титула на првак на светот иако на трката заврши на третата позиција зад победникот Макс Ферстапен и Оскар Пјастри.