Роботот во домаќинството може да разговара со вас, да готви, да извршува домашни задачи, да им помага на децата со домашни работи и да се грижи за постарите лица.
Роботите некогаш можеа да се видат само во научно-фантастични филмови, но денес сè повеќе влегуваат во нашиот секојдневен живот. Тие сега можат да бидат придружници на вашите деца, да помогнат на постари лица, но и да ве научат на нови вештини.

Во една продавница во Кина се собрани најсовремените достигнувања од областа на вештачката интелигенција и роботиката. Во продавницата има специјален простор за паметни уреди, зона за интерактивно искуство со роботи и дел посветен на историјата на технолошкиот развој.

Купувачите можат да испробаат и да купат повеќе од 20 роботски производи од познати компании. Исто така, може да се купи робот за семејна забава, образование, рекреација, здравје и спорт.

Најголемо внимание привлече роботот со глава налик на стар телевизор, кој всушност е вистински гениј. Се вика Ракус. Неговата глава е направена од AI-екран. Тој е четбот, вештачка интелигенција. Неговиот карактер постепено се обликува во согласност со начинот на интеракција. Неговата цена е само 70 евра.

Постојат и паметни електрични гитари што овозможуваат свирење без жици. Почетник, без претходно вежбање, може да научи да свири за неколку минути.

Роботите трчаат, скокаат, зборуваат, размислуваат, па дури и ги читаат емоциите на луѓето. Тоа не е научно-фантастичен филм за иднината, туку реалност на напредокот на кинеската роботска индустрија.

Роботот во домот може да разговара со вас, да готви, да извршува домашни работи, да им помага на децата околу училишните задачи, како и да се грижи за постарите лица.

Некогаш незамисливи идеи, денес се реалност. Роботите сè повеќе се присутни во нашите животи.







