Виновен за неговата смрт: Лекарот на Метју Пери оди во затвор — еве колкава казна доби

Точка

04/12/2025

08:26

1.462

Големина на фонт

а а а

По издржувањето на казната, Пласенсија ќе биде под надзор уште две години. Судијата веднаш го испрати во притвор.

Лекарот Салвадор Пласенсија е осуден на две и пол години затвор поради незаконска дистрибуција на кетамин на актерот Метју Пери во месеците што му претходеа на неговата смрт. Пресудата беше изречена во средата пред Сојузниот суд во Лос Анџелес, откако Пласенсија летово ја призна вината за четири точки од обвинението, пренесува "Daily Mail".

По издржувањето на казната, Пласенсија ќе биде под двегодишен надзор. Судијата веднаш го спроведе во притвор од самата судница. Ѕвездата на серијата „Friends“ почина во октомври 2023 година на 55-годишна возраст. Причина за смртта беше предозирање со кетамин, по што актерот се удави во џакузито во неговиот дом во Лос Анџелес.


Иако Пери легално примал кетамин како терапија за депресија, истрагата откри дека повремено барал дополнителни, нелегални количини — токму од Пласенсија.

Пред изрекувањето на пресудата, до судот беше доставено емотивно писмо од мајката и очувот на Пери, во кое тие ја опишаа својата огорченост и неизмерна тага поради губитокот на нивниот син.


„Како воопшто да се измери тагата? Може ли да се даде некакво рационално објаснување? Како да ни се урна земјата под нозете“, напишаа меѓу другото.

Преостанатите четворица обвинети во случајот — вклучувајќи уште еден лекар, негов асистент и две лица кои му ја обезбедиле смртоносната доза — исто така ја признаа вината, а нивните пресуди се очекуваат во наредните месеци.