Репортерката Џесика Тајсон снимала репортажа во деловниот кварт на Окленд, Нов Зеланд, кога ѝ се случила сосема бизарна ситуација – галеб ѝ се забил во лицето и предизвикал исеченица над окото.
32-годишната новинарка на емисијата „Te Ao with Moana“ сепак ги насмеала сите со својата реакција, а видеото го објавила самата на својот Инстаграм профил. Во моментот кога се подготвувала да го повтори делот за репортажата, а камерата ја снимала, галебот ја удрил директно во глава, по што таа опцула и го покрила лицето со рацете. Снимателот брзо рекол „ох, сра*е, крвавиш“ откако забележал исеченица над нејзиното око. По видеото, таа објавила и фотографија каде што нејзиното око било видливо крваво и сино од неочекуваниот инцидент.
„POV (гледна точка) Само се обидувам да си ја работам работата кога природата има други планови“, напишала во објавата поранешната Мис на светот Нов Зеланд, предизвикувајќи низа реакции во коментарите. Виралното видео брзо собрало над 200.000 прегледи и 6.000 лајкови за неколку часа.

Една од организаторките на Мис на светот Австралија напишала во коментар: „Можеме ли да се смееме или е прерано?“, на што новинарката одговорила: „ДА, се смеев околу 10 минути откако се случи хахаха!“. Tаа дополнително ги увериla обожавателите дека е добро, одговарајќи во друг коментар: „Сè е во ред, само добив мала лузна над окото!“.









