Револуционерна мото-кацига во продажба, цената не е мала

Точка

02/12/2025

13:51

681

Големина на фонт

а а а

Мотоциклистичките кациги, кога станува збор за новите електронски технологии, досега не оделе многу подалеку од прединсталации за комуникациски уреди.

Логично – бидејќи возењето мотоцикл бара целосна концентрација и фокус на патот пред вас. Сите сетила мора да бидат вклучени во проактивна и внимателна возачка динамика за движењето на две тркала да биде што побезбедно. Секое тргнување на погледот од патот може да доведе до фатални последици.

Во такви услови, еден од најценетите производители на мото-кациги донесува вистинска револуција. Јапонската компанија „Shoei“ ја претстави кацигата „GT-AIR Smart“, развиена во соработка со француската фирма „Eyelights“.


Најголемата новина е имплементацијата на HUD систем – head-up дисплеј на визирот на кацигата. Поточно, пред возачот, на околу 3 метри пред мотоциклот, се проектираат податоци за моменталната брзина и сите важни известувања.

Компанијата „Eyelights“ со години развива мали "head-up" екрани за дополнителна монтажа, но ова е првпат технологијата да биде директно интегрирана во премиум "touring" модел на „Shoei“.


Нано "OLED" проектор ја проектира брзината, навигациските инструкции, дојдовните повици и предупредувања за полициски радар во видното поле на возачот – на растојание што, според компанијата, одговара на околу три метри пред мотоциклистот. Нема повеќе гледање надолу кон инструментите или пребарување по мобилниот телефон. Податоците се прикажани токму таму каде што веќе гледате.

Големиот проблем кај "HUD" системите, кои во автомобилите постојат повеќе од две децении, отсекогаш била видливоста при силно сонце. „Eyelights“ тврди дека нивниот нов "OLED" систем е читлив дури и кога сонцето директно удира во визирот.


Од компанијата дури наведуваат дека системот може да го подобри времето на реакција за 32 проценти – што би можело да стане прв случај "gadge"t истовремено да се смета и за можен извор на одвлекување внимание и за сериозно подобрување на безбедноста.

Комуникација и комфор

Моделот „GT-Air 3 Smart“ не проектира само графички податоци. Кацигата има целосно интегриран аудио и комуникациски систем со звучници, микрофон со потиснување на бучавата и универзален интерком компатибилен со речиси сите брендови.


Системот функционира и онлајн и офлајн, а поддржува и гласовни асистенти за управување без употреба на раце. „Shoei“ наведува дека сите компоненти – од напојувањето до каблите – се скриени во самата школка на кацигата, така што нема гломазни надворешни додатоци. Вградената батерија трае до десет часа со едно полнење.

Достапни се пет бои: бела, мат црна, мат металик сина, мат металик сива и "Realm TC10", а големините се движат од S до XXL.

Испораките почнуваат во јуни следната година, но кацигата веќе може да се нарача по цена од 1.199 евра – приближно двојно повеќе од стандардниот модел „GT-Air 3“.

Не е малку, но допколку квалитетна мото-опрема може да помогне да избегнете несреќа и/или да ги намалите повредите – дефинитивно е добредојдена.