Француските истражувачи од националната агенција за храна и животна средина, предупредиле дека денес иако не постои врска меѓу бранот којшто го емитува мобилниот телефон и појавата на канцер, сепак, советуваат да бидете внимателни со нивно користење, особено кога станува збор за децата.
Француската агенција за храна, животна околина и безбедност за здравје (ANSES) испитала 250 научни студии кои се занимавале со ова прашање и дошле до заклучок дека не постои поврзаност меѓу радио-брановите на кои се изложени корисниците на мобилните телефони и развојот на канцер, пренесува „BFM TV“.
Сепак, агенцијата советувала корисниците да бидат внимателни, особено кога станува збор за децата кои сѐ почесто ги користат.

„Се фокусиравме на радио-брановите кои ги користат средствата за комуникација како што се ТВ, радио и мобилните телефони, а не на ниските фреквенции кои емитуваат висока волтажа“, изјавил Оливие Меркел.
Тој додал дека тоа е прашање од јавно здравје поради тоа што сите се изложени на оваа појава, при што 98 отсто од постарите од 12 години користат мобилни телефони чија технологија забрзано се развива со воведување на 4G и 5G мрежите.
„ANSES“ анализирал 250 од илјада најнови епидемиолошки и токсиколошки студии кои не покажале врска меѓу мобилните уреди и канцерот, додека некои од експерименталните истражувања покажале дека доаѓа до промена во клетките, но дека истата поминува затоа што штом престане изложеноста на зрачење на телефонот, тие се обновуваат.
Научниците од оваа агенција сепак предупредуваат дека тоа не значи дека некои идни студии нема да укажат на нови елементи, па поради тоа, посебно со оглед на забрзаниот развој на мобилната технологија и користење на 4G и 5G мрежите, неопходно е да се внимава, особено кога станува збор за децата.

Тие докажале и дека користењето слушалки ја намалува директната изложеност на зрачење, особено во градовите, но повикале на постојано внимание и редовно следење на изложеноста на популацијата на овие појави.











