Премиерна изведба на музичкиот проект „Кадифено“ на нашата вокалистка Зарина Првасевда во Филхармонија на 20 декември

Точка

27/11/2025

14:09

176

Големина на фонт

а а а

На 20 декември 2025, со почеток од 19:30 часот во Филхармонија, скопскиот културен и музички живот ќе биде збогатен со едно ориентално, фолклорно, и емотивно патување изведено од моќниот вокал на македонската вокалистка Зарина Првасевда. Со концертот „Кадифено“, посетителите ќе бидат дел од длабоко мелодиско доживување исполнето со тивка магија и уникатни вокали што само редок талент може да ги изведе.

Вистинско ориентално освежување на македонската музичка сцена

Во толпата на еднолична и комерцијална музика, нашата Зарина Првасевда, видливо отскокнува со својот неверојатен талент, широк вокален спектaр и уникатен музички стил. Таа е уметник во права смисла на зборот, ги чувствува инструменталните мелодии и живее за музиката. Инспирациите за нејзините музички перформанси се длабоко вкоренети во музичкиот дух на нејзината татковина и емоциите кои ги доживува за време на креативните средби со природата.

Зарина Првасевда го најавува концертот како уникатно музичко патување, полно со традиционален ритам, страст и виртуозност, создавајќи атмосфера во која публиката ќе може да ги отвори срцата, да слушне и да доживее искрена и топла музика.


„Концертот ‘Кадифено’ е микс на традиционални песни, од Македонија, Турција и светот, усни приказни и наследени ритми, едно патување со емотивна длабочина. За време на концертот, заедно со публиката, ќе ги истражуваме значењата и пораките на текстовите, културниот симболизам вграден во народните традиции и заедничкиот дух преточен во традиционалните танци. Луѓето ми се најголема инспирација, нешто што ми дава животна сила. Љубовта која си ја разменуваме, искуствата кои ги споделуваат со мене, се навистина бесценети. Посакувам да се обединиме на основа на емоција и верувам дека највозвишена форма на аплауз за секој уметник е реакцијата на публиката“, споделува Зарина.


Заедно со неа, за првпат на сцената во Скопје ќе настапат двајца врвни турски музичари и светски виртуози: познатиот Џенк Ердоган, еден од најголемите мајстори на фретлес гитарата и артист со светска кариера , како и харизматичниот мултиинструменталист и перкусионист Ахмет Алан. На сцената ќе им се придружат и македонските музичари Андреа Мирчевска, врвен басист и добитничка на наградата „Златен орикс“ за најдобар млад џез музичар и Тони Арслан, професор, извонреден виолинист и солист во меѓународни оркестри - и двајцата активни членови на бендот на Зарина. Тие се уметници кои со својата маестралност и талент освојуваат широка публика.


Предновогодишниот концерт на 20 декември 2025 година, со почеток од 19:30 часот во Филхармонија во Скопје ќе биде премиерна изведба на музичкиот опус „Кадифено“ и ќе биде ретка прилика да ги понесете вашите најблиски со вас за заедно да слушнете едно ново и поинакво музичко доживување. Влезниците сè уште се достапни на платформата drugastrana.mk.


Комерцијален текст