По повеќе светски премиери на кои Јелена Гавриловиќ го покажала својот моден стил, па во Британија, а потоа и во Америка носела фустани од српски дизајнери, објавени се кадри од актерката од хит-серијата која од 2 ноември веќе се емитува во САД.
Јелена Гавриловиќ во таа серија глуми божица. Се појавува целосно гола, што е дел од нејзиниот актерски перформанс. Кадрите се забележани во шума и се прикажани пред публиката која уште повеќе се заинтригирала од оваа серија.

Во серијата „Robin Hood 2“ добро познатата приказна за популарниот херој која добила нова верзија, публиката има романтична и интересна авантура која може да ја погледне. Автори се Џон Глен и Џонатан Инглиш кои живеат во Србија. Серијата била снимена на различни локации во Србија.
Во серијата исто така играат и Тамара Радоновиќ, Матија Гредиќ, Михаило Лазиќ и Милош Тимотиевиќ. Главната улога ја толкува славниот Шон Бин.

Јелена Гавриловиќ по успехот во домашните серии, остварила низа успешни улоги во странска продукција. Глумела и една од главните улоги во британскиот филм „Gassed Up“ во продукција на „Amazon Prime Video“ и една од водечките улоги во втората сезона на американската серија „The Outpost“.
Таа била и во актерската постава на американскиот трилер „Everly“ каде игра и популарната Селма Хаек.
Јелена се смета за една од најуспешните актерки во Србија, со прекрасен моден стил.









