Марота: Симеоне во Интер? Ние се надеваме…

Дерби

27/11/2025

10:22

193

Големина на фонт

а а а

Диего Симеоне повеќе од една деценија го води Атлетико Мадрид, клуб со кој има договор до 2027 година и засега не е реално во блиска иднина да го видиме во друг клуб, но самиот Аргентинец пред соочувањето со Интер во Лигата на шампионите јавно порача дека би сакал еден ден да го води составот од Милано.

Тој мина две години како играч на „Џузепе Меаца“ и дефинитивно овој клуб му е драг, но засега таа опција не е во игра и ова може да се заклучи и по пораката која ја испрати првиот човек на калчолигашот, Џузепе Бепе Марота.

- Го толкувам тоа како восхит за клуб што го познава добро и кој е авангарда во Европа. Имаме млад тренер како Киву, за кого се надевам дека ќе остане во Интер многу години, бидејќи тој е профилот што го баравме.

- Задоволни сме од него и убедени сме дека може да остане во Интер многу години., - порача Марота.

Соочувањето меѓу Атлетико и Интер во ЛШ заврши со драматична победа на домаќините од 2-1.