Килијан Мбапе имаше своја вечер во Пиреја и сигурно уште долго ќе го памети гостувањето во Грција, земја која на Французинот му овозможи да влезе во едно историско друштво како лидер на Реал Мадрид.
Мбапе стана само четвртиот играч во историјата на Реал кој постигнал „покер“ во најелитното европско натпреварување, а воедно трите гола кои ги постигна во првиот дел го донесоа вториот најбрз хет-трик во историјата на Лигата на шампиони.
– Четирите гола ме ставаат во друштво на Ди Стефано, Пушкаш и Роналдо….. Замислете за какво друштво станува збор. Тоа се играчи кои испишаа историја и одбележаа свои ери и за мене е гордот што сега сум дел од таа листа. Јас самошто дојдов во реал, се уште имам многу работи за остварување за да се споменувам во иста реченица со нив. Сепак, не кријам дека ми е сон да остварам успеси како нив, – изјави Мбапе.
Победата од 3:4 во Грција значеше дека Реал ја прекинува мини-кризата од три натпревари без победа, по што Мбапе реши да посочи две работи како екстремно важни во овој дел од сезоната.
– Ова е Реал Мадрид и имаше тензија пред натпреварот поради серијата од три меча без победа. Сфаќам дека јавноста зборува за нас, но тоа за мене е нормално. Ние играчите треба да се заштитиме меѓу себе, но и да го заштитиме нашиот тренер Чаби, – изјави Мбапе, кој подоцна ја апострофираше и важноста на неговите соиграчи.
– Не сметам дека тимот зависи исклучиво од мојата игра. Не ми се допаѓаат тие приказни дека тимот зависи само од мене. Тоа за мене изгледа како големо непочитување кон соиграчите. Секој во овој тим си ја знае својата работа, а моја работа е да постигнувам голови, – порача Мбапе.







