Компани со порака до Арсенал: Сакам повторно да играме против нив, колку побрзо толку подобро!

Дерби

27/11/2025

11:48

143

Големина на фонт

а а а

Баерн Минхен го претрпе првиот сезонски пораз и тоа во Лигата на шампионите каде загуби на гостувањето во Лондон кај Арсенал со 3-1.

„Баварците“ не успеаа да излезат на крај со премиерлигашот кој покажа зошто е прв во Премиер лигата, но и во елитното натпреварување каде е единствениот клуб со 100 процентен учинок (пет од пет).

Меѓутоа без разлика на негативниот резултат во таборот на баварците остануваат посветени, мотивирани, а тренерот Венсан Компани и испрати директна порака до „топчиите“.

- Секој тим во светот може да изгуби, тоа е фудбалот. Не мислам дека го започнавме натпреварот лошо, а потоа примивме гол. И покрај тоа, имавме добар моментум, израмнивме и на полувремето почувствував дека можеме да победиме ако продолжиме да играме на ист начин. Но, не го најдовме нашиот ритам во второто полувреме, Арсенал најде начин да го убие натпреварот. Тие беа добро менаџирани, ги искористија ситниците за да ја поместат рамнотежата во своја корист. Нема изговори. Можеме да кажеме дека Арсенал овој пат беше подобар.

- Лигата на шампионите не е одлучена вечерва. Не сме изгубиле ништо. Но, мора да реагираме на овој пораз, за ​​да не се повтори во март или април. Би сакал повторно да се сретнам со Арсенал, колку побрзо толку подобро. Се надевам дека ќе биде во последната фаза од натпреварувањето, со добро научена лекција од овој натпревар, - порача Компани.