Не помагаат ниту жалби: Социјалните мрежи се забранети, и точка

Точка

26/11/2025

17:49

206

Големина на фонт

а а а

Австралиската влада денес соопшти дека на децата помлади од 16 години ќе им биде забранета употребата на социјални мрежи, и покрај жалбата што два тинејџера, со поддршка од група активисти, ја поднесоа пред суд.

Министерката за комуникации Аника Велс се осврна на жалбата и во Парламентот изјави дека нејзината влада останува посветена на тоа забраната да стапи во сила навреме, пишува AP.


„Нема да нè исплашат правни жалби. Нема да нè исплашат големите технологии. Остануваме решителни во име на австралиските родители“, рече таа.

Претседателот на организацијата „Проект за дигитална слобода“ и државен пратеник на Нов Јужен Велс од малцинската Либертаријанска партија, Џон Рудик, оцени дека забраната претставува директен напад на правата на младите луѓе на слобода на политичка комумикација.

Технолошкиот гигант „Meta“ минатата недела почна да испраќа предупредувања до австралиските деца помлади од 16 години да ја преземат својата дигитална историја и да ги избришат своите профили од мрежите „Facebook“, „Instagram“ и „Threads“ пред забраната да стапи на сила.


Забраната, прва од ваков тип во светот, треба да стапи на сила на 10 декември, а освен наведените, се однесува и на социјалните мрежи „Snapchat“, „TikTok“, „X“, „YouTube“, „Reddit“ и „Kick“, но не и на платформата за споделување фотографии „Pinterest“.

Компаниите што нема да ја почитуваат забраната ќе треба да платат казна од 50 милиони австралиски долари (32 милиони американски долари).