[ВИДЕО] Угина џиновската желка Грема во Сан Диего: Била стара околу 140 години

Точка

26/11/2025

12:31

366

Големина на фонт

а а а

Зоолошката градина во Сан Диего соопшти дека угинала Грема, џиновската желка од Галапагос која била стара околу 140 години и која била нејзин најстар жител.

Грема е родена кон крајот на 19 век на Галапагос, односно 15 години по завршувањето на американската граѓанска војна и периодот кога дедото на Доналд Трамп, Фридрих Трамп ја напуштил Баварија во потрага по нов живот во САД, пренесе Шпигел.


За време на Големата депресија, помеѓу 1928 и 1932 година, желката стасала од пацифичкиот архипелаг во Калифорнија и станала жител на зоолошката градина во Сан Диего. Во текот на нејзиниот долг живот таа пречекала 20 американски претседатели.

На Инстаграм профилот на зоолошката градина соопштено е дека нејзините коски биле значително ослабени поради староста и дека чуварите донеле одлука да се простат од неа.


„Беше привилегија да се грижиме за толку прекрасно животно“, пишува во соопштението на зоолошката градина.

Желката, која во текот на своите први децении била фотографирана исклучиво во црно-бело, во последните години станала постојано присутна ѕвезда на социјалните мрежи. „Сведок на историјата и сакана икона“, истакна зоолошката градина.