Фердинанд издвои едно име: Не ја добива љубовта што ја заслужува од навивачите на Арсенал

Дерби

25/11/2025

13:18

468

Големина на фонт

а а а

Арсенал е една од најкомплетните и најстабилните екипи во Европа во оваа сезона, клуб кој е убедливо прв во Премиер лигата, додека пак во Лигата на шампионите игра без грешка (четири од четири) и нема примено ниту еден гол.

Со ова „топчиите“ најавија јасна кандидатура за најважните титули иако е јасно дека има уште многу да се игра и постои можност работите да се променат.

Меѓутоа во исто време треба да се посочи дека премиерлигашот има навистина квалитетен состав во кој и ако некој се повреди има адекватна замена. Еден од играчите за кого посебно се зборува деновите е Леандро Тросард, офанзивецот кој го отвори Тотенхем на лондонското дерби.

Рио Фердинанд исклучително го цени Белгиецот и смета дека навивачите мора да му оддадат поголема почит за се што прави за екипата.

- Најважното нешто што го имаме овде е длабочината на составот. Тросард е смешен. Тој не ја добива љубовта што ја заслужува од навивачите на Арсенал, бидејќи неговиот придонес во головите откако потпиша, само Сака има повеќе. Важните голови што ги постигнува, без разлика дали е израмнувачки или доцен победнички гол, неговиот придонес е страшен. Потребна му е огромна, огромна подршка, - вели Рио.