Ливерпул минува низ кризен период и тоа во сезоната која требаше да биде нивна, да „пука“ на сите фронтови по силните инвестиции во летниот преоден рок.
„Црвените“ покажуваат доста слабости, далеку се од шампионскиот тим од минатата сезона, а кога резултатите се такви како што се во тековнава кампања тогаш се бараат виновници, се бараат промени и гласно се зборува за некои работи кои можеби никој не би ги споменал ако се биде во најдобар можен ред.
Мохамед Салах можеби е најкритикуваниот играч на Ливерпул, човекот кој до „вчера“ беше херој на навивачите и на целото тоа фудбалско семејство кое го подржува клубот, меѓутоа работите се променија, па Џејми Карагер уште еднаш се реши да го прозива интернационалец од Египет.
- Ван Дајк излезе по натпреварот и зборуваше како што треба да прави еден капитен капитен, посочи дека Ливерпул е во хаос. Морам да кажам дека по сите овие порази од Ливерпул, секогаш Ван Дајк е тој што излегува и како што реков, капитенот треба да го прави тоа, но треба да има и други играчи во соблекувалната што излегуваат и зборуваат во име на клубот.
- Пред една година овој викенд, Мо Салах не се срамеше да излезе и да зборува за сопствената ситуација, за тоа што клубот не му понудил договор. Го слушам Салах како зборува само кога ќе добие награда за играч на натпреварот или кога му треба нов договор. Би сакал да го видам Мо Салах како еден од лидерите, една од легендите на Ливерпул и да зборува во име на тимот, не треба секогаш да биде капитенот, - порача Карагер.





